Поранешниот македонски репрезентативец и член на Фени Индустри во златните години на првакот од Кавадарци, во дресот на истиот клуб, но со ново име, во победата против Вардар со 96:79 потсети на шампионските денови во Јасмин.
Дарко Соколов имаше 20 поени со 9 скока и 5 асистенции, со 7/10 од поле за 2 поена и 1/1 за три поени, односно 3/3 за еден поен, за највисок индекс на корисност (28) во редовите на победничката екипа, која моментално игра во извонредна форма.
e here