Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, ја дополни официјалната изјава дадена по мечот, со неколку битни зборови во разговорот со basketball.mk, на тема АБА 2 лига и досегашните резултати на актуелниот македонски шампион, кој се стреми кон враќање во АБА лигата.
„Влеговме во овој натпревар поготвени максимално. Се подготвивме да ги анулираме нивните силни страни, а воедно и да наметнеме агресивна и брза игра, иако игравме со скратена ротација, што знаеме колку е тешко во современата кошарка.
Пристапот на играчите беше одличен, сите од нашата екипа беа фокусирани и високо мотивирани. Задоволен сум од борбеноста и од храброста на момците, ќе кажам само - секоја чест за победата против Горица (77:73).
Сега ќе се подготвиме и за последниот противник, екипата на Златибор и ќе одиме повторно на победа. Резервиравме место во плеј-офот, што ни беше примарната цел сезонава, а за противникот ќе почекаме уште некој ден.“
Дарко Радуловиќ му беше асистент на Кочов и во моментов ја извршува функцијата ВД тренер во редовите на металците. Но, добрите игри може да ветат најмалку разгледување на можноста, раководството на клубот, да размисли да му додели постојан ангажман.
e here