Црно-белата машина меле се пред себе, во Јадранската лига и во еврокупот на УЛЕБ. Не само што победува, туку испраќа и порака – ова е клубот кој некогаш беше голем шампион, клубот кој се враќа на славните патеки.

ФОТО: ABA Liga / Partizan NIS / Dragana Stjepanovic
За крајниот резултат, иако никогаш нема да признае, е виновен Жељко Обрадовиќ. Ако го прашате на оваа тема најтрофејниот тренер во Европа, тогаш тој ќе ви каже дека тоа се играчите и дека се уште ништо не е направено.

ФОТО: ABA Liga / Partizan NIS / Dragana Stjepanovic
Но, очигледно е неговото влијание – во односот со играчите, во односот на играчите на теренот, во суптилниот притисок кај судиите, во силата на клубот како огранизација, во привлекувањето нови спонзори во стабилен клуб…

ФОТО: ABA Liga / Partizan NIS / Dragana Stjepanovic
Можеше да избере милиони, можеше да освојува нови дестинаации, од него зависеа многу проекти во Евролигата. Но, тој реши да се врати дома, на местото на кое почна се, на столчето кое никој не го сака(ше), а сите толку го посакуваа(т).

ФОТО: ABA Liga / Partizan NIS / Dragana Stjepanovic
И сето ова мириса на некаква емоција, на повеќе-од-кошаркарски причини за создавање ваков Партизан, реинкарниран Партизан, каков одамна го немаме гледано. Европо, чувај се, го доби она што го бараше со години – заспаниот џин се разбуди…
