Македонската гордост славеше во дуелот со словенечкиот претставник во АБА 2 лигата, на турнирот на Златибор, со 66:67 во вториот меч од трите предвидени во овој балон. Центарци имаат 4/8 на претпоследната, а составот од Домжале има 1/11 на последната позиција на табелата.
Бундовиќ постигна 21 поен за победникот, Младеновски имаше 20 поени со 14 скока, Мулалиќ регистрира 12 поени. Другите стрелци, беа едноцифрени – Питс 5 поени, Торнтон 4 поени, Ефремовски реализира три поени (1/2 за три поени), а Младеновиќ имаше 2 поена за дебармаалците.
