РЕГИОН

РАДУЛОВИЌ: Секоја чест за борбеноста, одиме на победа на секој следен дуел

foto: ABA Liga / Dragana Stjepanovic

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, ја дополни официјалната изјава дадена по мечот, со неколку битни зборови во разговорот со basketball.mk, на тема АБА 2 лига и досегашните резултати на актуелниот македонски шампион, кој се стреми кон враќање во АБА лигата.

„Влеговме во овој натпревар поготвени максимално. Се подготвивме да ги анулираме нивните силни страни, а воедно и да наметнеме агресивна и брза игра, иако игравме со скратена ротација, што знаеме колку е тешко во современата кошарка.

Пристапот на играчите беше одличен, сите од нашата екипа беа фокусирани и високо мотивирани. Задоволен сум од борбеноста и од храброста на момците, ќе кажам само – секоја чест за победата против Горица (77:73).

Сега ќе се подготвиме и за последниот противник, екипата на Златибор и ќе одиме повторно на победа. Резервиравме место во плеј-офот, што ни беше примарната цел сезонава, а за противникот ќе почекаме уште некој ден.“

Дарко Радуловиќ му беше асистент на Кочов и во моментов ја извршува функцијата ВД тренер во редовите на металците. Но, добрите игри може да ветат најмалку разгледување на можноста, раководството на клубот, да размисли да му додели постојан ангажман.

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top