Македонскиот првак загуби од Студентски центар со 92:75, во рамките на мечевите во АБА 2 лигата. Аеродромци шутираа послабо во сите статистички категории, имаа 21-на загубена топка, наспроти „само“ 11 на противникот.
Најдобар стрелец кај нашиот тим беше Гравет кој постигна 21 поен, а Бојиќ со 13 и Стојановски и Олуџоби со по 12 поени, беа другите двоцифрени стрелци. Кај победникот, Славковиќ постигна 21 поен, Дробњак имаше 19.
e here