МАКЕДОНИЈА

Списокот на Тодоров, пред прозорецот во Перм

фото: FIBA

Нашата „А“ селекција ќе одработи пет тренинзи во Скопје, во СЦ Јане Сандански, пред летот за Русија кој е закажан за 15-ти февруари во раните утрински часови.

Во февруарскиот прозорец ќе одиграме четири меча – против Италија (18.02), Русија (19.02), Италија (21.02) и Естонија (22.02).

За овие средби, повикани се:

  • Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
  • Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
  • Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
  • Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
  • Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)
  • Лука Савичевиќ (МЗТ Скопје 2)
  • Марко Симоновски (Кожув)
  • Андреј Митревски (ТФТ)
  • Љубомир Младеновски (Работнички)
  • Виктор Ефремовски (Работнички)
  • Дамјан Робев (Куманово 2009)
  • Бојан Трајковски (Пелистер)
  • Војдан Стојановски (Гравелин, Франција)
  • Теодор Симиќ (Барселона, Шпанија)
  • Џејкоб Вајли (Гран Канарија, Шпанија)
  • Ненад Димитријевиќ (Хувентуд, Шпанија)
  • Стојан Ѓуроски (Аликанте, Шпанија)

Димитријевиќ и Ѓуроски ќе се приклучат подоцна во тренинг-кампот, поради купски обврски.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top