Црногорската екипа триумфира со 108:85 во деби настапот на битолчани во рамките на АБА 2 лигата. Составот од Цетиње имаше две четвртини со +30 поени и пет кошаркари со двоцифрен поентерски учинок, кои ги предводеше Кларанс со 20 поени.
Играчот на црногорската екипа, Машан Јовановиќ стана на јмладиот кој се појавил на теренот во ова натпреварување, со 15 години. Кај македонскиот претставник, во поразот се истакна Малешевиќ со 21 поен, кој беше и најдобар стрелец на мечот.
e here