Македонскиот претставник во АБА 2 лигата одигра маестрален натпревар и ја покажа сета своја сила, со која ќе напаѓа на два фронта сезонава, во Македонија и во регионот. Совладана беше Сутјеска, со убедливи 93:73.
Најдобри поединци во составот на Марјан Илиевски, кој загуби во првата рунда од својата премиерна јадранска година, беа Трајковски и Малешевиќ со по 16 поени. Кај гостите се истакна Владимир Томашевиќ со 23 поени.
Статистика преземена од druga.aba-liga.com
