Дарко Радуловиќ беше екстремно самокритичен во однос на играта на неговата екипа во вториот меч на почетокот на новата АБА 2 сезона, дуел во кој МЗТ Скопје загуби со 80:64 од Рогашка.
„Се беше проблем на овој меч, немавме ниту транзиција, ниту скок, бевме „млитави“ во нападот, без комуникација во одбраната.
Јас ги предупредив играчите дека нема да биде лесно, но го направивме спротивното, мислевме дека ќе победиме само ако се појавиме на теренот.
Добивме лекција по кошарка од Рогашка, ни се врати истото што ние го одигравме против Младост во првото коло. Планирам да го исправам системот топло-ладно и да заиграме поконстантно.“
Штрковите имаат 1/1, по победата над Младост од Земун во првата рунда. Третата и четвртата се играат од 8-ми до 12-ти ноември, во 3-то коло играат МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер.
