Македонскиот интернационалец кој настапува во Втората шпанска лига, загуби со неговиот Аликанте од Овиедо, по дополнителните минути, со конечни 84:85.
„Тежок натпревар, на крајот на регуларниот дел се вративме во игра и се изборивме за продолжение, но противникот постигна поени во псоледните два напада, ние не успеавме да вратиме и мораше да се помириме со поразот.
Имавме и шут за победа, но мојот соиграч Ортега промаши. Следната седмица имаме битен натпревар против Коруна, во кој се надевам дека ќе извојуваме победа за што подобар пласман.“ - ни изјави Ѓуроски.
За 26 минути поминати во игра македонскиот репрезентативец постигна 11 поени, зачинети со 2 скока и 2 украдени топки, со шут од поле 4/4 за 2 поена и 1/5 за три поени.
e here