Кумановци успеаја да го совладаат лидерот со 81:73, во интензивен дуел со многу возбуда до последните моменти. Најдобар поединец кај домаќините беше Ливингстон, со 28 постигнати поени, 6 асистенции и индекс на корисност 31.
По добриот старт екипата на Марјан Илиевски врза два пораза, Кесар имаше 25 поени со индекс 22. Куманово покажа дека има потенцијал да се врати во живот по поразот во БИБЛ лигата, што скоро сигурно го оддалечи од финалниот турнир.
