Најдобрите играчи се познаваат во најтешките натпревари, а нема потежок и позначаен од вечното дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје, без разлика каков е квалитетот на двете екипи. На последната средба, најтрофејната екипа славеше со 74:75 во Аеродром, против актуелниот шампион.
Според валоризацијата, најдобар беше Младеновски од Работнички со индекс 20, Мекиќ кај МЗТ Скопје имаше 19, Младеновиќ од Работнички имаше 18 индексни поени. Прв странец беше Торнтон со индекс 16 кај победникот, Бундовиќ имаше 14, Мулалиќ 10. Кај МЗТ, Гравет имаше индекс 15.
e here