Пелистерци ја прифатија понудата за настап во АБА 2 лигата. Овој потег ја илустрира идејата на битолскиот клуб да стане регионална кошаркарска организација, достојна за почит.
Битола до пред две години немаше организациска и финансиска стабилност, ниту пак играчки капацитет, како што го има тоа во моментов, што се гледа и преку резултатите.
„Ова ќе биде голем предизвик за кошаркарите и за стручниот штаб, како и за нас во управата. Сигурна сум дека ќе ја оправдаме довербата.“ - се зборовите на претседателката на Пелистер, Мери Ковачевска.
фото: КК Пелистер (Facebook)
Пелистер ја заврши минатата сезона во полуфиналето со пораз од МЗТ Скопје, тим со кој заедно ќе настапува во АБА 2 лигата. Во регуларниот дел од сезоната, битолската екипа имаше најдобар скор, а доигрувањето го одигра без првиот тренер.
Доаѓањето на Љубомир Младеновски во ростерот на Марјан Илиевски, е уште еден доказ дека квалитетните македонски играчи сакаат да играат во Битола, каде останаа Бојан Трајковски и Бобан Стајиќ. Ова репрезентативно трио, ќе биде костурот на клубот од градот на конзулите.
e here