Лука Дончиќ ја предводеше словенечката селекција до историското полуфинале на ЛОИ, по победата против селекцијата на Германија. Во последниот филтер пред финалето, Змајчеки ќе играат со триколорите кои беа поуспешни од Италија.
Американците ја совладаа Шпанија во 1/4 финалето и закажаа меч против кенгурите, кои пак немаа проблеми со Аргентинците и го испратија Луис Скола во пензија, во неговиот последен настап во дресот на гаучосите.
Резултати:
Словенија - Германија 94:70
Италија - Франција 75:84
Шпанија - САД 81:95
Австралија - Аргентина 97:59
