Нашата А селекција ќе игра без браќата Војдан и Дамјан Стојановски, во рамките на претквалификациските средби за СП, кои ќе се играат во август во нашиот главен град. Првиот е повреден и ќе се рехабилитира, а другиот го откажал настапот во овој циклус.
„Дамјан соопшти дека нема може да игра во овие претквалификации. Другите, на кои ќе смета селекторот Драган Бајиќ, се надеваме дека ќе бидат на располагање и заедно ќе обезбедат пласман во квалификациите за СП.“ - велат претставници на КФСМ.
Војдан Стојановски (foto: FIBA)
Подготовките стартуваат на 12-ти јули, прво со новајлиите кои треба да го заслужат респектот на новиот изборник. Компетитивните мечеви се на програмата од 12-ти до 18-ти август во Скопје. Наши противници се селекциите на Словачка и Швајцарија.
e here