Претквалификациските дуели на нашата селекција, за пласман во квалификациите за СП, против Словачка и Швајцарија, што ќе ги одиграме во СЦ „Јане Сандански“ Скопје, ќе почнуваат во 19:00 часот.
Во балон-систем-турнирот во нашиот главен град, против репрезентацијата на Швајцарија играме на 12-ти и на 16-ти август, а на 14-ти и на 18-ти ќе се соочиме со Словачка.
Само првопласираната селекција во групата, ќе се пласира во квалификациите за СП 2023-та година.
