МАКЕДОНИЈА

Заедно да направиме добар резултат

фото: FIBA

Прв меѓу еднаквите во националната селекција е Бојан Трајковски, кој има најдолг стаж меѓу актуелните репрезентативци на Македонија, кои ќе се обидат да ги поминат претквалификациите на патот кон следното СП.

„Дојде тоа време кога јас треба да бидам највозрасен во репрезентацијата. На секој натпревар ќе одиме на победа, а олеснителна околност е тоа што ќе имаме предност - домашен терен. Склопот на млади и искусни кошаркари ќе донесе позитивен резултат, младите треба да ни бидат ветер в грб и мислам дека тоа ќе биде пресудно во овој претквалификациски циклус. Помладите кошаркари веќе го пробија мразот, го имаа првото искуство со репрезентацијата и сега знаат што и како треба. Не чувствуваме никаков притисок, имаме еден месец за подготовки. Му посакувам добредојде и голем успех на новиот селектор Драган Бајиќ. Мислам дека заедно ќе направиме добар резултат.“

Претквалификациските натпревари се играат во Скопје, а противници ни се Швајцарија и Словачка. Победникот во групата, ќе се пласира во квалификациите.

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top