Го загуби ли натрофејниот тим, најверниот играч во Првата лига? Градски парк го напушти и Виктор Ефремовски, кој се врати дома и ќе настапува за Гостивар. И кога Работнички губеше, и кога победуваше, Викса беше верен како пес, или на теренот каде ги кинеше мрежичките, или на клупата каде не седнуваше на местото бодрејќи ги соиграчите.
View this post on Instagram
Едноставно, во 6 сезони претходната гарнитура не знаеше да му ги обезбеди минутите на расниот стрелец, прв роден снајперист во нашата кошарка по Марко Симоновски. Му посакуваме да си го најде своето место под синото гостиварско небо и да се врати во формата што ја посакува, а тоа се прави само со време поминато на паркетот.
