МАКЕДОНИЈА

Без близнаците, Македонија е како без нозе?

Дамјан Стојановски (foto: FIBA)

Нашата А селекција ќе игра без браќата Војдан и Дамјан Стојановски, во рамките на претквалификациските средби за СП, кои ќе се играат во август во нашиот главен град. Првиот е повреден и ќе се рехабилитира, а другиот го откажал настапот во овој циклус.

„Дамјан соопшти дека нема може да игра во овие претквалификации. Другите, на кои ќе смета селекторот Драган Бајиќ, се надеваме дека ќе бидат на располагање и заедно ќе обезбедат пласман во квалификациите за СП.“ – велат претставници на КФСМ.

Војдан Стојановски (foto: FIBA)

Подготовките стартуваат на 12-ти јули, прво со новајлиите кои треба да го заслужат респектот на новиот изборник. Компетитивните мечеви се на програмата од 12-ти до 18-ти август во Скопје. Наши противници се селекциите на Словачка и Швајцарија.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top