Галил Елион славеше во Скопје во рамките на втората рунда во БИБЛ лигата, со убедливи 82:102. Скопскиот тим имаше позитива во првата четвртина, но потоа гостите ги демонстрираа силата и квалитетот.
Бреј Ајви со 19 поени беше најдобар поединец кај Академија ФМП, а Москович беше прв стрелец кај израелскиот претставник со 17 поени. По две кола, македонскиот тим има 1/1 на втората позиција во Група А.
e here