Македонскиот претставник во WABA лигата ја запиша втората победа во регионалното натпреварување, со 70:73 на гостувањето кај Партизан во српската престолнина.
Бадел 1862 имаше двоцифрена негатива по првите 10 минути, но Ивана Кметовска со 31 поен и 14 скока го предводеше македонскиот состав до голем триумф во 5-то коло.
Нена Трајчевска имаше 13 поени, Цветанка Димова забележа еден поен помалку, но целата екипа на Бадел е заслужна за оваа голема радост на скопскиот тим.
Бадел сега има 2/3 на четвртата позиција на табелата во групата, пред Партизан и Бановиќи, а зад должникот Монтана, Цеље и Пламен Пожега.
