Тимот од скопско Тафталиџе се израдува на втората БИБЛ победа, откако славеше на гостувањето во Пловдив со 81:86. Реваншот за домашниот пораз значи скор 2/2 и 4-то место во групата Б во регионалното натпреварување, однонсо прв пораз за бугарскиот тим кој е лидер со 4/1.
Андреј Маслинко имаше 18 поени и беше прв стрелец на гостите, Страхил Николов постигна 15 поени. Кај Академик, Ентони Гугино постигна 22 поена и беше прв стрелец на мечот. За ТФТ, кој останува на бугарската турнеја уште еден меч, следува гостувањето кај Берое (09.11.2024).
