Кадетите на Вардар до 15 години, победија во финалето на завршниот турнир против Водно Санс Партизан со 78:86, по четвртини 18:26, 26:21, 20:17 и 14:22. МВП на турнирот беше кошаркарот на шампионот, Марко Луканоски.
Играчите на Вардар беа преимресионирани:
„Иако оваа сеозна не одигравме комплетно првенство, поради пандемијата, сепак на крајот постигнавме голем тимски успех. Голема благодарност до сите тренери кои не предводеа оваа сезона и се надевам дека не очекуваат нови вакви успеси.“ - рече капитенот, Сергеј Младеновски.
Истото важи и за стручниот штаб на црвено-црните, кој напорно работеше цела сезона:
„Иако се многу млади, сепак им се поклонувам на моите играчи, воедно и благодарам и на управата за укажаната доверба да ја довршам сезоната онака како што доликува на мојот клуб и она што овие играчи го почнаа пред 3 години. Заслужено ги докажавме епитетите непобедливи и шампиони. За крај, благодарам на целата спортска јавност која се сомневаше, тоа не направи посилни. Следува мал одмор и продолжуваме во полна пареа.“ - рече Влатко Неделковски, еден од тренерите на оваа генерација.
Третото место го освои Дино Баскет против МЗТ Скопје Аеродром, со 83:79 (27:16, 19:22, 19:17 и 18:24).
НАПОМЕНА: Фотографиите се од архивата на КФСМ, испратени до нашата редакција од КК Вардар и не смее да се користат без дозвола на сопственикот.
e here