МАКЕДОНИЈА

Легендата на Работнички и МЗТ, ги презема младите штркови

Перо Блажевски, крајно лево, во улога на асистент во екипата на Работнички. Фотографијата е сопственост на порталот и не смее да се презема или користи без дозвола.

Перо Блажевски седнува на клупата на МЗТ Скопје 2, развојната екипа на металците која две сезони се натпреварува во прволигашката конкуренција во Македонија. Блажевски беше во екипите на Работнички и Струмица, како и во националната А селекција во 2015-та, во улога на помошник.

Борче Даскаловски во улога на прв тренер на МЗТ Скопје 2, минатата сезона. Во 20 натпревари, имаше 6 победи и 14 порази, во плеј-аут двобојот со Вардар победи со 2:0 и остана во премиерната конкуренција. Фотографијата е сопственост на порталот и не смее да се презема или користи без дозвола.

Ова ќе биде прва елитна шанса за 48-годишниот тренер, кој царуваше на паркетите додека беше играч, а вечно ќе останат слободните со кои МЗТ во лименката го кутна Реал Мадрид, со 69:68 во 1996-та година.

Михаил Наумовски, Горан Крстевски и Перо Блажевски, од лево кон десно, на тренерски семинар во СЦ Борис Трајковски, во 2018-та година. Фотографијата е сопственост на порталот и не смее да се презема или користи без дозвола.

Тој ќе го наследи Борче Даскаловски, кој имаше успешна сезона со екипата (која имаше неколку нови имиња) што ја презеде од креаторот Горан Крстевски, кој 6 години ги селектираше младинците на МЗТ Скопје 2 и од втората лига обезбеди пласман во Првата лига каде играше во ковид-сезоната.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top