Кошаркарскиот клуб Тeam Basket - Skopje ги очекува љубителите на кошарката на тренинг. И оваа година како и предходните, со стартот на новата учебна година, овој клуб почна со работа со тренинзи во ООУ Ѓоргија Пулевски во скопската општина Аеродром.
КК Тим Баскет Скопје работи со група почетници, со веќе докажана група, но исто така одржува и индивидуални тренинзи. Возраста на членовите во овок клуб од Аеродром е од 5 години (мини баскет) па се до 18 години.
Basketball.mk ги охрабрува и другите екипи кои сакаат да се промовираат, да ни пишат на нашата e-mail адреса, а нивните детали БЕСПЛАТНО и со ГОЛЕМО ЗАДОВОЛСТВО ќе бидат објавени на нашиот портал, во интерес на развојот на кошарката во Македонија.
КОНТАКТ ЗА ПРОМОЦИЈА:
НАПОМЕНА: Фотографиите поставени на оваа објава, се доставени и објавени со дозвола на КК Тим Баскет - Скопје.
