Работнички е втората жртва на гостиварци, веднаш по МЗТ Скопје, две победи со кои екипата на Александар Јончевски повторно е во преден план за висока позиција на табелата, на едно коло пред Суперлигата.
Јанески постигна 20 поени и беше најдобар стрелец кај победникот, но Костоски ги постигна последните 7 поени на гостинската екипа и имаше вкупно 19, во победата 79:83. Младеновски имаше 19 поени со 9 скока, кај поразените центарци. Питс додаде 15 поени.
Гостивар има 12/9 на третата, Работнички 12/7 на седмата позиција на табелата.
e here