Кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 до 18 годишна возраст се старо/нови шампиони во својата категорија. Во реприза на последно одржаното финале од 2019-та година се случи реприза во буквална смисла на зборот. Баделки, максимално мотивирани, полни со самодоверба, ја совладаа екипата на ЖКК Струга со резултат 64:37 (17:8, 11:9, 26:14, 10:6).
Најрасположени поентерски беа Марија Николов со 19 поени, којашто на крај го доби признанието за најкорисен МВП играч и Мартина Блажевска којашто покрај постигнатите 16 поени, со освоените топки под двата коша во целост ја доби битката со репрезентативката Модева и претставуваше вистински столб на одбраната.
Марија Димитријевиќ постигна 13, Мартина Маркоска 8, Дева Глигорова 3, Јана Петрова и Мила Џуковиќ по 2 и Јована Димковска 1 поен.
Сино-жолтиот тим во годинешното натпреварување ја докажа доминацијата во соодветната категорија, со 100% ефект. Трите најголеми конкуренти за титулата, ЖКК Вардар, ЖКК Крива Паланка и ЖКК Струга, ги совлада со севкупна разлика од 40+!!!
НАПОМЕНА: Фотографиите се од приватната колекција на КК Бадел, испратени до нашата редакција и не смее да се користат без дозвола на клубот.
Преземено од www.wbcbadel1862.com.mk
e here