ПОЧЕТНА Балкански лиги Звезда пак води, сега на чекор до нова титула

Звезда пак води, сега на чекор до нова титула

сподели
фото: Crvena zvezda mts

Со триумфот 96:90, актуелниот првак на Србија најавува напад на уште еден трофеј, што би бил петти по ред ако црвено-белите успеат да го освојат.

Домаќинот водеше во текот на целата средба, постигна 15 тројки, следниот натпревар во серијата до три победи се игра „на теренот“ на Партизан.