ПОЧЕТНА ЕВРОПА Звезда го губи тлото под нозете

Звезда го губи тлото под нозете

сподели
фото: Krka/Drago Perko/kosarka.si

Сензационален пораз доживеа најдобриот тим во регионот и учесник во Евролигата. Во третото коло од АБА натпреварувањето, Црвена Звезда загуби на гости кај Крка со 79:77 што е трет пораз во период од една недела, по оние од Будуќност и Макаби.

Одлучи последната четвртина што и припадна на Крка со 24:16. Коузи со 20 поени беше најефикасен, а Јовановиќ постигна 16 за Звезда. Во следното коло српскиот шампион ја пречекува Мега, а Крка гостува кај Будуќност.