ПОЧЕТНА Во позадина Златни момци – уникатен ТВ серијал за успесите на ју и српската...

Златни момци – уникатен ТВ серијал за успесите на ју и српската кошарка

сподели
фото: vijesti.me

“Златни момчиња“ е ТВ серијал реализиран од продуцентските куќи од Белград, “ПЏМ Нетворк“ и “Синеспорт“, што ќе се емитува во шест едночасовни епизоди во периодот од 22 до 23 часот од понеделник 26-ти август до сабота 31-ви август, на Радио Телевизија Србија (РТС прва програма, и РТС Свет) која е воедно и ко-продуцент, а поддршка на проектот даде и Кошаркарскиот Сојуз (КСС) на Србија.

Документарниов серијал е за најголемите успеси на југословенската и српската кошарка. Низ досега неискажани детали и ексклузивни материјали, ќе бидат претстави петте освоени златни медали на Југославија на Светските првенства (1970, 1978, 1990, 1998 и 2002 г.), и на посебен начин ќе се претстави актуелната генерација која ќе настапи на СП во Кина кое почнува на 31-ви август, каде Србија заедно со САД, се фаворити за златото.

Продуцентите “ПЏМ Нетворк“ и “Синеспорт“ стојат позади спортските документарни филмови и програми, како што се “250 скалила“ и “70 години ФК Вардар – Една живот, една љубов“, “Од Уругвај до Русија”, “Бевме прваци на светот”, “Жоц – човек на одлука“, “Игра на мојот живот” и други.

Напомена: Посебен придонес за текстот има колегата Живко Здравковски, кој не информира за оваа содржина.