МАКЕДОНИЈА

ЗЛАТЕВ: Очекувам најмалку пласман во Суперлигата

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смеe да се користат без дозвола на медиумот.

Во мечот со Црн Дрим, во кој Еуро Никел славеше со високи 111:74, се истакна еден од талентите што никнуваат во Кавадарци и што треба да се изградат во следните сезони.

Тодор Златев е син на Никола, кој играше во Орка и Тиквеш, а денес е тренер во женската кошарка. На стружани, Тоше им уфрли 18 поени, кои носат огромна симболика.

„Овој натпревар за мене беше едно големо искуство и многу сум му благодарен на тренерот Горан Самарџиев, што ми даде шанса да се докажам. Имам 18 години и ова ми е четврта година во дресот на сениорската екипа на КК Еурон Никел Кавадарци.

Среќен сум што сум дел од перспективен тим, моја е честа да бидам најмладиот играч во екипата. Се радувам на секој следен натпревар, а одиграните детално ги анализирам. Против Црн Дрим дадов се од себе, се разбира како и на секој друг меч кога играм.

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смеe да се користат без дозвола на медиумот.

Во оваа цела приказна не можам, а да не го споменам и најзаслужниот човек за мојот досегашен кошаркарски развој, мојот татко. Со голема поддршка од негова страна, секако и мотивација, денес сум тука давајќи максимум за уште поуспешен Еуро Никел.“

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top