Американскиот интернационалец (24, 201) одигра беспрекорен меч во дресот на Вардар на гости кај Еуро Никел, но сам беше немоќен против расположената екипа на Горан Самарџиев, која моментално игра во беспрекорна натпреварувачка форма.
Дикембе Диксон постигна 41 поен, на кои додаде 10 скока, имаше индекс на корисност 38, но домаќините во салата Јасмин славеа со 96:79 и се зацрвстуваат во горниот дел на табелата со 12/6 на втората позиција, додека Вардар има 4/14 на 9-то место.
