Фазата која е чекор пред разигрувањето за титулата, последна ја пополни екипата на Крива Паланка, со победата против Про Баскет со 93:65 за третата позиција на Истокот, зад Баскет Кам и скопски Вардар.
Од западниот дел на лигата, меѓу шесте најдобри екипи во тековната сезона се пласираа Бадел, Работнички и Струга. Бодовите се пренесуваат, а најдобрите четири екипи ќе разигруваат во полуфиналето.
