МАКЕДОНИЈА

ЗЕКИРИ: Заедно стигнавме до овој триумф

фото: FIBA.BASKETBALL

Лејсон Зекири постигна 12 поени и беше еден од петте двоцифрени стрелци, во победата на МЗТ 2 против Кожув со 81:74, во рамките на 17-то коло од Првата лига.

„Натпреварот од наша страна беше максимално коректен и се држевме до планот за време на целиот меч. За победата беше клучна тимската игра, спортскиот дух меѓу играчите, добрата и цврста одбрана која траеше за време на целиот дуел, брзиот и координиран напад и се разбира се држевме сите заедно, за заедничката цел која на крајот ја остваривме. Пред натпреварот, иако сме најмлад тим во Првата лига, целта ни беше да стигнеме до победа, која ја остваривме благодарение на напорните тренинзи, мотивацијата и тактиката на тренерот.“ – ни изјави Зекири.

Лејсон Зекири (20, 204) е репрезентативец на Македонија, играше во младинските категории.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top