3x3

Заврши уште еден спектакл, сакаме на Олимписки игри

Драган Караџовски - лево, Никлеман - десно

Првиот човек на 3х3 Македонија, Драган Караџовски Даци зборуваше за првиот македонски кошаркарски медиум basketball.mk, за завршениот финален турнир и за плановите за зимскиот период, односно големите цели кои посакува да се исполнат.

 „Добивме пофални зборови и од ФИБА, за успешната организација на финалниот турнир на аеродромот Стенковец. Победи екипата на Каса Бар, со 21:20 против Кино Влае, што беше финале за очекување со оглед на тоа дека овие две екипи се најсилни во нашата лига, во моментов.“

Каса Бар

„По тежок период, се вративме на сцената со успешна организација на повеќе турнири. Особено сум горд на првата зимска лига и на првиот U18 турнир на Средно Водно. Дополнително скокнавме 40 позиции на светската ранкинг листа на ФИБА, во оваа дисциплина.“

Финале: Каса Бар против Кино Влае

„3х3 Македонија не застанува тука, веќе од следниот месец се планира старт на новата Зимска 3х3 лига, која ќе биде во многу посериозно издание од минатогодишната. Цел ни е настап на ЛОИ 2024, за што е потребна макотрпна работа од организациски, но и на играчки план.“

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top