Во натпревар со храбра и отворена кошарка, МЗТ 2 во сите елементи го надигра Кожув. Младите штркови водеа од почетокот, до крајот, за победа со 81:74 (22:19, 21:16, 16:27, 22:12).
Најдобар кај победникот беше Максим Митевски, со 18 поени. Кај Кожув, Караџовски постигна 19. МЗТ 2 има скор 4/11 на 8-та, а гевгеличани има 7/8 на 6-та позиција на табелата.
