ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА За малку историско достигнување на Младеновиќ

За малку историско достигнување на Младеновиќ

сподели

Искусниот плејмејкер по вторпат дебитираше во дресот на Куманово и малку недостасуваше да влезе во одбраното друштво македонски кошаркари кои оствариле трипл-дабл.

Иако едвај една недела е со екипата, Марјан Младеновиќ диригираше со своите кошаркари на натпреварот против Пелистер кој му припадна на неговиот тим. Го одигра речиси цел меч (освен 80 секунди) и за тоа време постигна 24 поени, 17 (!!!) асистенции и 8 скока. Трипл-дабл може да се смета ако се земат предвид и изнудените лични грешки (10).

kfsm.mk

Да оствареше трипл-дабл ќе беше првиот кој до него стигнал со вакви бројки бидејќи 17 асистенции на еден натпревар се реткост во македонското првенство. Младеновиќ имаше индекс што го прави убедлив МВП на овој меч.