ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Времето на американска доминација ЗАВРШИ!

Времето на американска доминација ЗАВРШИ!

сподели
New York Times

Репрезентацијата на САД ќе го забележи најлошиот пласман во историјата на Светските првенства, а симптоматично е што тоа ќе се случи со кошаркари од НБА лигата кои првпат на овие натпреварувања настапија во 1994 година во Торонто.

Објаснувањето за овој неуспех најчесто лежи во фактот што Американците не дојдоа со своите најдобри кошаркари, а и дел од оние што се согласија да играат на Мундобаскетот беа спречени поради повреди за време на подготовките. Но, Коби Брајант не се согласува со ова мислење и смета дека заврши времето на доминацијата на репрезентација на САД, без разлика кој ќе игра.

„Доаѓа време кога нашата репрезентација ќе освои некоја титула, но и неколку ќе загуби. Така оди тоа.

Би потсетил на репрезентацијата од 2008 година на Олимписките игри во Пекинг кога ни требаше перфектна последна четвртина за да ја победиме Шпанија. А, тогаш имавме неверојатен тим и едвај го освоивме златото.

Зборот ми е дека дури и да играат најдобрите во моментот, пак ќе имаме тешки предизвици, нема да можеме да се шетаме до златото. Никогаш повеќе нема да освојуваме титули како во 1992 година и првиот дрим-тим“, смета Коби.

Покрај него, во составот од 2008 година, меѓу другите, беа и Џејсон Кид, Леброн Џејмс, Двејн Вејд, Двајт Хауард, Крис Бош, Крис Пол, Кармело Ентони итн. Во финалето Шпанците имаат 104:108 на две минути пред крајот, но тројка од Вејд и двојка од Брајант ги однесоа САД на +9.

Американците ќе играат против Полска за седмото место на Светското првенство во Кина, но веќе се пласираа на Олимписките игри во Токио идната година.