Македонската 3х3 приказна за сезоната 2021-ва завршува со финалниот турнир, кој ќе се одржи во хангар на аеродромот Стенковец, што ќе биде првпат еден ваков официјален настан да се одржи на едно такво место.
Првиот кошаркарски медиум во Македонија, basketball.mk зборуваше со првиот човек на 3х3 Македонија, Драган Караџовски Даци.
Фотографиите не смее да се користат без дозвола на медиумот или на 3х3 Македонија.
„Финалето, или како што е наречен последниот турнир од летната лига - Summer Edition 2K21, е турнир на кој ќе се соочат најдобрите 8 екипи во рамките на летната лига. Ќе се игра во две групи, по систем секој со секого, а најдобрите две екипи од двете групи ќе вкрстат во полуфиналето! Освен финалниот меч, овој пат ќе има и натпревар за 3-то место.“
Фотографиите не смее да се користат без дозвола на медиумот или на 3х3 Македонија.
Зад нас е одлична сезона. Почнавме со зимската лига, во која имавме 4 квалификациски турнири и еден финален, потоа продолживме со летната лига. Во летната лига организравме три квалификациски турнири и на 24-ти октомври ќе го организираме и финалниот турнир.
Фотографиите не смее да се користат без дозвола на медиумот или на 3х3 Македонија.
Ме радува што оваа година за првпат организиравме FIBA 3X3 U18 турнир на Средно Водно и се надевам наредната година ќе има многу повеке јуниорски екипи.
Фотографиите не смее да се користат без дозвола на медиумот или на 3х3 Македонија.
Од 2017-та имаме преголем напредок, а тоа се гледа и по ранкингот на Федерацијата, моментално сме 38-ма екипа во светски рамки, во машка конкуренција. Оваа година, веќе вторпат наша екипа настапува на Челинџер турнир, по голема пауза од 2016-та година. Се повеќе екипи и нови играчи има на секој турнир и тоа особено ме радува!
Фотографиите не смее да се користат без дозвола на медиумот или на 3х3 Македонија.
3×3 карванот продолжува без застој, од минатта година нема да има веќе големи паузи. После завршниот турнир продолжуваме со зимската лига, втор дел или Vol. 2, лига која ќе трае до крајот на април. Од мај 2022-та, ја стартуваме повторно летната лига. Тоа е целта и на Агенцијата за млади и спорт, на КФСМ и на МОК, да обезбедиме ако можеме учество на ЛОИ 2024, а тоа се стекнува со што повеќе турнири, што повеќе играчи и што повеќе искуство, со цел да се направи квалитетен национален тим.
