ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Војдан тренира со МЗТ Скопје!

Војдан тренира со МЗТ Скопје!

сподели

На две недели пред почетокот на новата клупска сезона, еден од најдобрите македонски кошаркари и долгогодишен репрезентативец е без клуб.

Пред нешто повеќе од два месеца тој ја прекина соработката со Олденбург и оттогаш е слободен играч. Кога замина од овој клуб во изјава за basketball.mk рече дека ја напушта Германија што значи дека ќе бара предизвик во друга држава.

За да остане во форма, тренира со МЗТ Скопје чиј член е неговиот брат-близнак Дамјан. Шампионот деновиве е на турнир во Романија.

Засега е неизвесно каде Војдан ќе ја продолжи кариерата откако последните осум години ги помина како интернационалец: од Черкаски Мавпи, преку Доњецк, Алба Берлин, Андора, Бетис, Бујукчекмеџе до Олденбург. Во македонското првенство беше член на Вардар, Амак СП и Фени Индустри, со првите освои по еден Куп, а со кавадарчани триумфираше во првенството и во БИБЛ лигата.

Навивачите на МЗТ Скопје немаат против и вториот Стојановски да остане во Аеродром и да ја освои титулата во домашниот шампионат, но и да го однесе тимот до пласман во АБА елитата.