МАКЕДОНИЈА

ВО ФОКУСОТ: Двојаковски ја искористи шансата!

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смеe да се користат без дозвола на медиумот (фото: Александар Ристовски).

Неблагодарно е да се делат играчите на домашни и странци, затоа што сите играат за една иста цел – победа на тимот, но без да потценуваме никого, секогаш не радува кога ќе се истакне некој од нашите, без разлика во која екипа настапува.

„Одличен натпревар! Влеговме растоварено, знаејќи дека нема што да загубиме, против една од најдобрите екипи во нашето првенство. Ова беше многу важна победа за нас, резултатски и психолошки, пред се.“

Оливер Двојаковски беше најдобриот поединец Македонец, во победата на ФМП кадемија против МЗТ Скопје Аеродром, која дојде по пресврт од негатива -17, со само 9 дозволени поени за шампионот во последниот период, за конечните 85:73 (18:21, 15:25, 25:18, 27:9).

„Резултатот во првото полувреме не го отсликуваше нашиот добар ритам, затоа што МЗТ имаше одличен шут од дистанца. Но, знаевме дека мора да не послужи спортската среќа, само ако продолжиме максимално борбено и во второто полувреме.“

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смеe да се користат без дозвола на медиумот (фото: Александар Ристовски).

Двојаковски одигра нешто над 26 минути, во кои реализира 16 поени со што беше трет стрелец во редовите на домашната екипа и на натпреварот. Патем, имаше 5 скока и 3 асистенции, а диференцијалот (+,-) на поените беше највисоки +16, кога тој беше на паркетот.

„Тимската игра победи. Сите дадовме колку што можевме. Ова е витална победа за остварување на нашата примарна цел сезонава, а тоа е пласманот во Суперлигата. Имаме одлична година и мислам дека заслужуваме да го реализираме главниот наш мотив.“

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top