РЕГИОН

Влеговме демотивирани, но кога почнавме да трчаме…

foto: ABA 2 Liga / Dragana Stjepanovic

МЗТ играше со две лица против Осиек, но сепак на крајот се радуваше на двоцифрена победа со 73:83 против последнопласираната екипа во АБА 2 лигата:

„Претпоставував дека ова ќе биде тежок меч затоа што знаев дека Осијек ќе биде високо мотивиран. Ние малку можеби влеговме со поблаго темпо и малку демотивирано, но момците добро трчаа и играа во второто полувреме, ја стегнаа одбраната и успеавме да се вратиме. Мора да извлечеме поуки, имавме проблеми со скокот, што не беше случај на претходниот меч. Имавме и многу загубени топки. Добро е што победивме со не толку квалитетна игра. Тоа значи дека имаме простор за напредок и ќе одиме само нагоре.“ – изјави Дарко Радуловиќ.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top