МЗТ играше со две лица против Осиек, но сепак на крајот се радуваше на двоцифрена победа со 73:83 против последнопласираната екипа во АБА 2 лигата:
„Претпоставував дека ова ќе биде тежок меч затоа што знаев дека Осијек ќе биде високо мотивиран. Ние малку можеби влеговме со поблаго темпо и малку демотивирано, но момците добро трчаа и играа во второто полувреме, ја стегнаа одбраната и успеавме да се вратиме. Мора да извлечеме поуки, имавме проблеми со скокот, што не беше случај на претходниот меч. Имавме и многу загубени топки. Добро е што победивме со не толку квалитетна игра. Тоа значи дека имаме простор за напредок и ќе одиме само нагоре.“ - изјави Дарко Радуловиќ.
