Домашната екипа доминира во меѓусебниот дуел од 8-то коло во нашата Прва лига, со 90:74, што беше шестиот триумф сезонава за тимот на Александар Јончевски.
На крајот на првото полувреме беше 49:36, второто почна со убедлива серија 11:0. Станојевиќ имаше 23 поени за победникот, а Костоски постигна 20 за Гостивар.
