Предноста од првите два периода, беше доволна екипата од Кале да му се израдува на четвртиот тирумф сезонава и тоа против директниот конкурент за што повисок пласман на табелата, во нашата прволигашка конкуренција.
Резултатот одеше во полза на домаќинот во првата (25:18) и во втората четвртина (21:15), за да може да го доврши натпреварот во следните 20 минути (18:20, 21:26) и да размислува на 19-то коло, односно дуелот со ФМП Академија.
