ПОЧЕТНА СВЕТ Ванеса го тужи шерифот за излезените фотографии

Ванеса го тужи шерифот за излезените фотографии

сподели

Сопругата на трагично загинатиот поранешен кошаркар и светски мегапопуларна личност, ќе бара финансиска отштета за кадрите кои се појавија во јавноста од местото на несреќата на хеликоптерот, во која животот го загубија Коби Брајант и нивната 13 годишна ќерка Џиана, заедно со уште 7 лица.

Се работи за фотографии од приватните телефони на лицата кои први стигнале на местото на несреќата, кои подоцна процуреа во јавноста. Ванеса бара отштета за претрпените психолошки шокови од сликите кои нејзините други две ќерки, ги виделе на Интернет.

Според информациите од САД, како што се наведува и во тужбата, никој од членовите на полицијата, 8 лица од одделот на Шерифот на Лос Анџелес кои први стигнале на местото на несреќата, не бил сакнциониран поради тоа што фотографиите се појавиле по медиумите.