ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА ВАКА СЕ САКА ДРЖАВАТА: Недовиќ „му прости“ на Ѓорѓевиќ и „го закопа“!

ВАКА СЕ САКА ДРЖАВАТА: Недовиќ „му прости“ на Ѓорѓевиќ и „го закопа“!

сподели
euroleague.net

По елиминацијата на српската репрезентација од битката за медалите на 18-то СП, навивачите во Србија на големо фрлаа со што стигнат по селекторот Александар Ѓорѓевиќ. Во нивните коментари најчесто стоеше – голем играч, (под)просечен тренер.

Еден човек никогаш не може да биде виновен за еден дебакл, затоа што ова на крајот на денот е тимска игра и одговара целиот колектив, а на теренот се играчите. Селекторот може да им ја нацрта и Мона Лиза на таблата, но ако овие не одиграат или не се адаптираат на реалните состојби на паркетот, отиде натпреварот.

Меѓу едно од клучните прашања, беше поставуван изборот (на Ѓорѓевиќ) на репрезентативците, со апостроф дека селекторот ги фаворизирал партизановците на сметка на звездашите, а  кога го прашаа отпишаниот Недовиќ дали би се вратил следното лето и дали би одговорил на повикот на Сале, тој кратко и јасно покажа дека е голем патриот:

„Се разбира, јас играм за Србија!“

Недовиќ и Калиниќ не се во Кина иако имаа добри сезони во Евролигата. За тоа дознале едниот преку социјалните мрежи, а другиот во контроверзни околности. Нивното отсуство е една од причините, покрај повредите на неколку играчи, за слабата ротација и недоволната енергичност на селекцијата на Србија.

Со оваа една кратка и едноставна реченица, Немања Недовиќ воедно им ги затна устите и на сите играчи што не сакаат да играат за некој претседател или за некој селектор или затоа што и некој друг е повикан или не е повикан во репрезентацијата. За еден спортист, нема, или не би требало да има ништо поголемо, од можноста да се игра за националните бои, без оглед на околностите.