ЕВРОПА

Вајли скромен во поразот на Сарагоса

foto: Casademont Zaragoza

Естудијантес ја совлада екипата на нашиот нов репрезентативец, со 104:113 по дополнителните 5 минути, во рамките на 26-то коло на АЦБ лигата. Домаќинот сега е на 12-та позиција со 10/16, две места погоре од гостинската екипа, која има 8/18.

Американецот Џејкоб Вајли регистрира 4 поени и 3 скока за 15 минути поминати на паркетот, во вториот редоследен пораз на домашен терен во шпанското првенство. Првите осум екипи атакуваат на плеј-офот, кој е силна желба на Арагонците.

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top