ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Убедлив пораз на МЗТ Скопје во Романија

Убедлив пораз на МЗТ Скопје во Романија

сподели
фото: МЗТ Скопје

Македонскиот шампион првпат е совладан на подготовките пред новата сезона. Во мечот за трофејот на турнирот „Антонио Алексе“, МЗТ Скопје загуби од Орадеа со 97:64 и го освои второто место.

За разлика од дуелот со Солнок, најефикасен на овој меч беше американскиот интернационалец Џабари Хиндс со 21 поен, а Нуни Омот додаде 12.

За време на овие подготовки МЗТ Скопје ги совлада Гостивар, Вардар и Сигал Приптина, како и Солнок во Романија. Следен ривал ќе биде романскиот прволигаш Крајова чиј тренер е поранешниот предводник на македонскиот првак Александар Тодоров.